Албанија усвои закон за увоз на отпад

Албанскиот Парламент вчера го усвои законот за увоз на отпад од странство, на кој се спротивставуваа еколошките активисти и опозицијата.

Парламентот, составен од 140 пратеници, го изгласа законот со 63-27 гласа и четворица воздржани.

Претходната конзервативна Влада првично го донесе законот во 2011 година, но сегашната левичарска коалиција го повлече во 2013 година, пред да стапи на сила. Но, тие сега повторно го вратија.

Десетици еколошки активисти протестираа пред Парламентот, велејќи дека Албанија ќе се претвори во депонија со опасни последици.
Владата вели дека законот ги исполнува стандардите на Европската Унија. Албанија се надева дека ќе започне преговори за членство во ЕУ.
Премиерот Еди Рама рече дека 130 милиони евра се инвестирани во четири фабрики за рециклирање и уште неколку помали.