Алабама воведува задолжителна настава по еволуција и климатски промени

Алабама, една од американските земји кои се озлогласени по својата конзервативност, штотуку ги промени стандардите за настава во училиштата. Сега професорите мораат задолжително да им предаваат на учениците за климатските промени и еволуцијата.

Многу училишта во државата веќе ги предаваат и двата предмети, но сега е задолжително за сите училишта кои одбивале да ги предаваат овие предмети претходно.

Интересно е што учениците нема само да слушаат настава, туку ќе имаат и задачи сами да доаѓаат до заклучоци за тоа како животните еволуирале и зошто луѓето предизвикуваат глобално затоплување, преку научна презентација.

„Не гледам како учениците би биле способни да го учат овој материјал без наука“, вели Стив Рикс, директор на Иницијативата за математика, наука и технологија на Алабама, за Associated Press.

„Се трудиме да ги учиме децата на способност за решавање на проблеми“.

Промените беа одобрени минатата недела од комитет од 40 членови на Државниот борд за едукација на Алабама контролиран од Републиканската партија. Новите стандарди ќе стапат на сила во 2016. Од учениците нема да се бара да веруваат во научно потврдените теории, туку само да ги разбираат.

„Теоријата на еволуција има улога во објаснувањето на еднаквоста и диверзитетот на живото на Земјата. Оваа теорија е поткрепена со многу директни и индиректни докази“, пишува во учебниците. „Затоа, од нашите ученици се бара да ги разбираат принципите на теоријата на еволуција од перспективата на досега познатите научни вистини. Комитетот ги препознава и разбира различните гледишта во однос на еволуцијата“.

За жал, во учебниците кои се користат Алабама ќе биде додадено и дека „еволуцијата е контроверзна теорија“, но е голем чекор напред за оваа заедница.