Акустичен концерт на Ману Чао во МКЦ

Гитарски соло концерт на Ману Чао (El Chapulin Solo) ќе се одржи вечерва (25 октомври) во Младинскиот кулурен центар во Скопје, најавија од Пасворд продукција.

Влезот е слободен, а концертот е најавен во рамки на годинешниот Таксират, кој ќе се одржи на почетокот на декември.

Настапот на Ману Чао во МКЦ ќе почне во 20:30 часот.