Акустичен концерт на „Љубојна“ во МОБ

Еден од најреномираните македонски етно-бендови Љубојна вечерва (22 декември) во Македонската опера и балет ќе одржат акустичен концерт насловен „Љубојна unplugged“.

Како што најавија од бендот, на сцената ќе има многу музичари, перкусионисти, дувачи, гитаристи, проследена со дигитална сценографија во облик на шума, а фокусот ќе биде на пеењето. Следната година со оваа акустична верзија, ќе гостуваат и во Загреб.

Пред неколку дена беше  презентиран новиот албум на Љубојна со Оркестарот на Македонската Филхармонија и Емин Џијан насловен „B.Y.Z.A.N.C.E”. Се работи за заеднички проект со Македонската филхармонија и содржи материјал од концертот што го одржаа со Филхармонијата на 1 февруари, годинава, под диригентската палка на Џијан Емин.

На албумот се поместени осум нумери, две од нив се авторски – Севдо ле и Горки чувства, слатки немири кои се батени на текстови од Милошевска, а музиката е на Оливер Јосифовски. Останатите нумери се традиционални, аранжирани и преработени теми прв пат објавени на нивен албум.

Ова е 12 по ред албум на „Љубојна“.