Акција во Тетово иницирана од работилница за употреба на отпадот

Интересни предмети изработени од хартија и најлонски кеси, поставени на повеќе локации низ градот ги изненадија тетовци.

Фото: Бобан Спировски

Фото: Бобан Спировски

Идејата за нивно поставување дојде од членовите на Медиа/арт клубот на МОФ од Тетово кои по успешно спроведената работилница за употреба на стариот отпад се впуштија во акција.

Фото: Бобан Спировски

Фото: Бобан Спировски

Сите реквизити беа изработени од стар отпад. Пораките кои се испишани на реквизитите се однесуваат на заштита на околината и подигнување на свеста на граѓаните. Дел од пораките кои се пренесуваат се однесуваат на поголема толеранција помеѓу учениците, меѓуетнички соживот, подобри услови во средните училишта.

Кон акцијата се приклучија и дел од граѓаните на Тетово кои напишаа свое мислење за пораките  на реквизитите.

Фото: Бобан Спировски

Фото: Бобан Спировски

Задоволни од акцијата, членовите на клубот се надеваат дека ваквите пораки ќе придонесат кон поголема видливост на проблемите и ќе допрат до пошироката група на граѓани.

Бобан Костадиновски