Акција на студентите од УКИМ за помош на Србија, БиХ и Хрвaтска

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со  студентските парламенти  на сите факултети на УКИМ денеска и утре на две локации ќе  организира хуманитарна акција за помош на луѓето од поплавените подрачја во Србија, Босна и Хрватска.

Акција на студентите од УКИМ за помош на Србија, БиХ и Хрвaтска

– Првата локација е во паркот на Технолошкиот кампус во периодот од 12 до 16 часот, а втората локација е на кампусот на факултетите по медицина, во зградата на Сојузот на студенти по медицина и во зградата на институтите, од 8 до 14 часот, соопшти Студентскиот парламент на УКИМ, пренесе МИА.

Во организирањето на акцијата ќе бидат вклучени голем број студенти од Скопскиот универзитет. Работите што ќе бидат собрани организирано ќе бидат испратени во најкризните подрачја.

СПУКМ апелира да се донираат храна (конзервирана храна, млеко во прав или пастеризирано), вода во шишиња, ќебиња и гардероба, хигиенски средства и храна и пелени за бебиња.