Акција на младите – се делеа насмевки низ Неготино

Да споделиме #среќа #љубов #насмевка #радост #прегратка одекуваше низ улиците викендов низ Неготино. Членовите на Медиа арт клубот од Неготино, одлучија да ги насмеат своите сограѓани бидејќи сметаат оти заборавиле да се смеат во трката со времето и проблемите.

насмевки

Целта беше да соберат сто насмевки, па затоа младите испишаа пораки кои измамуваат насмевки, ги спакуваа во пликови во кои ставија и чоколадо. Реакциите беа очекувани, а насмевките од неготинци беа овековечени со интересни фотографии.

насмевки

„Проблемите се тие и не опкружуваат секојдневно и насекаде, но сепак да споделиме среќа, љубов, радост, насмевка и сите заедно да заборавиме на се што не прави тажни. Ние сме млади лица кои секогаш ќе бидат цутот на градот и ќе прават добри дела за  граѓаните на Неготино, но сепак сите заедно сме целина на обични луѓе  со многу љубов и позитивност,  за подобро утро и нов ден. Нека насмевката биде и кај вас промена која сакате да ја видите кај другите“, порачаа членовите на Медиа арт клубот од Неготино.