Активности за формирањето Локален младински совет во општина Неготино

Иницијативниот одбор распиша повик за членство на Локалниот младински совет Неготино. Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да достават портфолио за работа, официјално писмо за номинација на член од организацијата, како и CV со мотивациско писмо за учество од претставникот кој сака да се вклучи во Младинскиот совет на е-поштата: mladinskisovetng@gmail.com

Младите лица дел од Иницијативниот Одбор во Неготино презедоа иницијатива за формирање на Локален Младински Совет во Неготино и посетија циклус на обуки за зајакнување на своите капацитети како и надоградување на своите знаења. Целиот проект беше спроведен од страна на Младински Образовен Форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог во партнерство со 12 општини од Македонија меѓу кои е и општина Неготино.

Младински совет претставува претставничко тело на младите од општина Неготино кое вклучува претставници од граѓански организации, Културни уметнички друштва, помладоци на политички партии, претставници од преседателството на училишните заедници и други форми на младинско  организирање. Локален младински совет е претставник на младите и дејстува на територијата на општина Неготино.

Членките на Младинскиот совет се здружуваат заради остварување на поширок општествен интерес на младите, нивно застапување, учество и вклучување во креирањето на младинските политики, со цел подобрување на положбата на младите во општина Неготино.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.