Активизам во Македонија: Како се бранеше ГТЦ

Активизам во Македонија: Како се бранеше ГТЦАрхитектурата е одраз на едно време, ова што кај нас се случува е нејасно, одиме напред или назад, прашува архитектот Дејан Ивановски, еден од иницијаторите на иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

За Радио МОФ тој раскажува за тоа како се мобилизираа архитектите по најавите за промена на изгледот на Градскиот трговски центар, каков е неговиот став за промената на фасадите во „Скопје 2014“ и зошто јавниот простор треба да им биде оставен на граѓаните.

„При изградбата на ГТЦ во 1973 година имало 23 архитектонски проекти од цела Југославија, на последниот конкурс за ГТЦ имаше само еден или два труда. Тоа е апсурд“, забележува Ивановски.

Целиот разговор може да го погледнете во видеото.