Активистка за човекови права лажела дека е афроамериканка

Една локална активистка на американската Национална асоцијација за напредок на обоените луѓе (NAACP) лажно се претставувала како афроамериканка, објавија нејзините родители.

Rachel Dolezal, претседателката на локалниот огранок на NAACP во градот Спокејн во државата Вашингтон и вонреден професор по Африкански студии на Универзитетот на источен Вашингтон, погрешно се претставувала со години, затоа што нејзините родители и двајцата се белци со европско потекло.

Активистка за човекови права лажела дека е афроамериканкаРодителите велат дека Dolezal лажно тврдела оти е афроамериканка и со тоа довела многу луѓе во заблуда. Нејзиниот брат Izalah, кој е црн, бил посвоен, додаваат родителите. Според мајката на активистката, таа почнала да се „маскира“ во 2006 или 2007 година.

„Тажно е тоа што Rachel едноставно бегаше од самата себе. Нејзината ефективност во борбата за каузата на афроамериканската заедница ќе беше многу поголема доколку таа беше искрена со сите“, изјави мајката на Rachel, Ruthanna Dolezal.

Во меѓувреме, социјалните мрежи се преполни со реакции за овој случај, кои се движат од сожалување поради лажното претставување на Dolezal, до повици таа да биде поштедена од напади, затоа што се залагала за вистински вредности.