Активистите за климатски промени се збогуваа со глечерот Окјоклур во Исланд

Со поезија, едноминутен молк и политички говори за итната потреба од борба против климатските промени, исландските власти и активистите се збогуваа со тоа што некогаш беше глечер.

Геологот Одур Сигурисон иако го прогласи за „изумрен“ глечерот Окјоклур пред една деценија, во неделата, на настанот донесе посмртница за глечерот.

Присутните деца поставија спомен-плоча за глечерот, насловена „ОК“.

Окјокул е првиот глечер кој „исчезнал“ во Исланд. Но, Сигурисон вели дека целиот мраз во државата ќе го снема за 200 години.

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир напомена дека „губењето“ на глечерите се должи на климатската криза.