Активистите во Америка ја повикаа владата да ги блокира нацртите за изработка на 3Д печатени пиштоли

Најактивните иницијативи во Америка кои се залагаат за контрола на оружје бараат од судот во Тексас да го спречи новиот тренд – 3Д печатени пиштоли.

„Тоа е опасно, непоправливо и … покренува прашање за националната одбрана и безбедност од највисок степен“, велат од иницијативите.
Центарот Брејди за спречување на насилство со оружје, Евритаун за безбедност од оружје и Правниот центар Гифордс за заштита од насилство со оружје се трите организации кои бараат итна забрана.

Барањето се однесува на дигиталните нацрти првпат беа објавени во 2013 година од правниот студент Коди Вилсон од Универзитетот во Тексас. Тој изработи нацрт за изработка на еднократен 3Д отпечатен пиштол што го нарече „Ослободителот“ („the Liberator”). За само неколку дена, државата му нареди на Вилсон да ги тргне документите, тврдејќи дека ги крши статутите за извоз на оружје.

Правната битка помеѓу Вилсон и властите заврши дури годинава во јуни, кога администрацијата на Трамп неочекувано направи спогодба со Вилсон и дозволи да се објават нацртите од 1 август.

За време на петгодишниот спор, Вилсон основа невладина организација наречена „Дистрибуирана одбрана“ („Defense Distributed“). Невладините организации велат дека за тој период, Вилсон успеал да создаде ризница податоци кои ќе го олеснат 3Д печатење на пиштоли и би можело да се користи за производство за неригистрирани и тешки за следење оружја, вклучително пушки како АР-15.

Активистите кои се залагаат за контрола на оружјето тврдат дека владиниот пресврт во однос на 3Д печатено оружје е „каприциозно и произволно” и дека договорот може да го наруши федералниот закон.

„Ако малолетно лице, престапник, домашен насилник или лице кое е ментално некомпетентно [ги користи податоците], тогаш е нарушен Законот за контрола на оружјето”, пишува во нивното писмо упатено до федералниот судија Роберт Питман.

Вилсон, кој себеси се нарекува „постлевичарски крипто-анархист”, ја поздрави спогодбата како фигуративна смрт на американската контрола на оружјето.

„Сите овие работи околу Паркленд, учениците, сите овие соништа за „револуционерни реформи“? Не. Интернетот ќе му служи на оружјето, тоа може да се преземе … Никаква петиција не може да го смени тоа”, изјави Вилсон за „Wired Magazine“.

Минатата недела беше тешка за активистите за права на оружје. Во вторникот, федералниот апелационен суд пресуди дека вториот амандман недвосмислено го штити правото на граѓанинот да носи огнено оружје во јавноста за самоодбрана, спротивно на голем број државни закони кои поставуваат ограничувања и прописи за носење на отворено. Крајната одлука за прашањето најверојатно ќе ја донесе Врховниот суд.