Активистите со балони испраќаат УСБ мемории и летоци во Северна Кореја

Околу 500.000 летоци и  УСБ мемории со информации за кршењето на човековите права во Северна Кореја, прикачени на балони денеска беа испратени на другата страна на границата од страна на јужнокорејските активисти, објави АФП.

Активистите со балони испраќаат УСБ мемории и летоци во Северна Кореја

Од градот Пај преку добро обезбедената граница, активистите ги испратиле и последните остатоци од Студената војна, 50 минијатурни транзистори , ДВД и монети од еден американски долар.

„Во Северна Кореја секако има огромна „жед ” за надворешни информации“, вели Тор Халворсен, претседател на американската невладина организација Human Rights Foundation.

Секоја од 1500 USB-мемории испратени кон Северна Кореја содржат статии на корејски јазик од интернет енциклопедијата Википедија.

Последната акција за испраќање балони ја спроведе активната група бегалци од Северна Кореја. Акција се спроведува за жителите на Северна Кореја да се запознаат со суровоста на нивниот лидер Ким Јонг Ун, и се повикаат со бунт да стават крај на диктатурата, објасни лидерот на активистите Парк Санг- Хак.

Ова не е прв обид во Северна Кореја да се испраќаат балони со информации и предмети. Претходните години, активистите во оваа земја испраќаат и други основни работи, како што се на пример чорапите.