Активистите од новата Влада бараат конкретни реформи за унапредување на родовата еднаквост

23 организации, кои се дел од Платформата за родова еднаквост, побараа од новата Влада во својата програма да вклучи конкретни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост.

Платформата предлага преку четириесет конкретни реформи кои сметаат дека треба да бидат владин приоритет во следниот мандат.

Нивните барања се подлени во реформи во сферата на централната и локалната власт, како и промени во образованието, здравството, економијата, социјалната заштита, и институциите надлежни за спречување на родовото базирано насилство.

Дел од нивните барања се: итно усвојување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, воведување “еднакво плаќање” во Законот за работни односи, воведување на сеопфатно сексуално образование како изборен предмет во основното и средното образование, како и развивање кодекс за родова сензитивност и безбедност во образовните институциии и воведување најмалку три модерни контрацептивни средства на позитивната листа на лекови.

Целата листа на барања за унапредување на родовата еднаквост, која Платформата ја упати до идниот состав на Владата, може да ја погледнете на следниов ЛИНК.