Активистите од Хонг Конг користат видео игри за да ги продолжат протестите за демократија

За време на изолацијата од коронавирусот, протестите во Хонг Конг се откажани, па активистите започнале да ги искористуваат видео игрите.

Пред само неколку месеци, вестите прикажуваа слики како маскираните активисти на улиците во Хонг Конг биле нападнати од полицијата. Протестите започнале откако била воведена мерка со која се дозволува екстрадирање на граѓани во Кина, но по само краток период протестите се засилиле, а граѓаните започнале да протестираат за поголема демократизација.

Откако започнале немирите, 8,000 протестанти биле уапсени, но ширењето на коронавирусот значело дека властите во Хонг Конг би можеле да воведат полициски час и да ги паузираат протестите. Па така, незадоволните граѓани започнале да го покажуваат својот бес и фрустрација преку играта за „Нинтендо“ – „Анимал Кросинг: Њу Хоризонс“.

Ова е необична платформа имајќи предвид за едноставноста на самата игра – корисниците патуваат до напуштен остров, се здружуваат со тамошните животни, градат домови и одат да ловат риби и бубачки. Но, активистите ги претворале своите утописки островчиња во простори за себеизразување, креирале банери „Ослободете го Хонг Конг, демократија сега!“. На фотографија објавена од медиумот „WIRED“, се забележaни активисти кои уништувале фотографии од политичарката на функција, Кери Лем.

„„Анимал Кросинг“ е место без политичка цензура и е одлична платформа за да се продолжи нашата битка. Дури и авторитетите во Хонг Конг ја играат ова игра“, истакнал Џошуа Вонг, дел од движењето „Амбрела Мувмент“,

Видео играта била пуштена во продажба на 20 март оваа година и ги срушила рекордите на продажба, продавајќи милиони копии на глобално ниво во време кога луѓето бараат начини како да избегаат на виртуелни острови за време на пандемијата од COVID- 19.

Извор: Dazed&Confused