Активистите од Дебар бараат стопирање на „Луково поле“ и „Бошков мост“

Здружение Центар за оддржлив развој на заедницата – Дебар заедно со граѓанскиот сектор на Дебар и Реканскиот крај, преставници од здруженијата од дијаспората, преставници од еколошките здруженија Еко-свест, Фронт 21/42 и МЕД од Скопје се целосно против спроведувањето на било каков проект во атарот на Националниот Парк Маврово и  силно се спротивставува на најавите за изградба на проектите Луково поле, Бошков мост и 20 мали хидроцентрали.

Оттаму бараат Националниот парк Маврово да биде прогласен за заштитено подрачје и да престанат било каков вид на активност што може негативно да влијае на екосистемот и биодиверзитетот на паркот, како и да се прогласи за зона под заштита на УНЕСКО.

Меѓу барањата на активистите е и тоа на граничката точка Луково Поле повторно да се отвори граничен премин за слободно движење на граѓаните на Македонија , Косово и туристите што, според нив, ќе влијае за еконмски уристички и културен развој на регионот. Од Здружение Центар за оддржлив развој на заедницата сметаат дека е потребно Советот на општина Маврово и Ростуше да формира комисија и да се произнесе против изградба на хидроцентрали и пренасочување на водите на Радика, како и градоначалникот лично да се ангажира во заштита на Реката Радика и Националниот Парк.