Активистите не се откажуваат од паркот во Центар

„Смрт на фашизмот – слобода за СЛОБОДАТА!“, под ова мото, 15 дена по сечењето на дрвјата пред хотелот Бристол, активистите од ОДРАЗ, КИСЛОРОД и БУРГИЈАШИТЕ,  се собраа во паркот на нов протест со барање да не се уништува зеленилото во Центар.

Активистите не се откажуваат од паркот во Центар

Синоќа на протестот учествуваа стотина граѓани. Според Влатко Ристески од ОДРАЗ, останува вербата дека ќе успеат во она што го започнале, бидејќи имаат целосна подршка од сите граѓани.

„Не се бориме само за зачувување на паркот, туку и за слободна демократија. Се бориме против диктатурата на на власта”, изјави Ристески.

Активистите не се откажуваат од паркот во Центар

И претставниците на здружението КИСЛОРОД се надеваат дека паркот ќе биде зачуван. Тие одржаа говор упатен до владата, во кој порачаа дека нема да се откажат од оваа иницијатива.

Активистите не се откажуваат од паркот во Центар

Иако граѓаните се противеа, надлежните ги исекоа дрвјата пред хотелот Бристол за тами да направат простор за изградбата на зграда за Советот за радиодифузија. Отогаш изреволтираните граѓани од населбата започнаа со протести и собири за  зачувување на паркот и зеленилото, а насадија и нови дрвја.

Активистите не се откажуваат од паркот во Центар

Како што најавија и самите организатори овој протест ќе продолжи во наредните денови и нема да дозволат на ова место да се изгради зграда на советот на радиодифузија.

Бисера Ловачева