Активистите најавуваат протест пред стационарот Вардариште

Активистите за заштита на правата на животните викендов најавуваат голем протест пред стационарот за бездомни кучиња Вардариште.

Активистите најавуваат протест пред стационарот Вардариште Велат дека се изреволтирани и незадоволни поради нехуманото функционирање на ова место, а најавениот собир, додаваат, е глас за спас на бездомните животни и апел, доколку нема хуманост, Вардариште да се затвори.

Активистите бараат доследно да се спроведуваат трите чекори утврдени со програмата залови, стерилизирај и врати, наместо како што велат, масовно да се  убиваат животните. Апелираат Вардариште да запре со работење во зима бидејќи  кучињата се изложени на смрзнување и болести, како и да прекине заловувањето на веќе стерилизирани и обележани кучиња.

„Бараме санкционирање на секој затекнат заловувач кој постапува спротивно од Програмата и заловува претходно веќе обележани кучиња, затоа што е индикативно дека тие кучиња веќе го поминале третманот кој го нуди Вардариште. Бараме итно да се забрани заловување на мали кутриња во Вардариште, кои никако не можат да бидат стерилизирани и не се предмет на Програмата“, се наведува во повикот за протестот.

Активитите укажуваат и дека е потребна поголема транспарентност на работата на стационарот, каде треба да се  дозволи фотографирање за кучињата полесно да се вдомат и евидентираат.Собирот го организираат група граѓани кои велат дека немаат намера немо да стојат и туку така да дозволат масакар на најверните човекови пријатели, а безрезервно е поддржан од Анима Мунди.

Протестот е закажан во недела (22) декември на пладне пред стационарот Вардариште.