[Видео] Активистките на „Фемен“ ја прекинаа седницата на шпанскиот парламент

Активистиките на „Фемен“ ја прекинаа седницата на шпанскиот парламентСедницата на шпанскиот парламент денеска беше прекината од активистките од феминистичката организација „Фемен“.

Тие протестираа против планираните промени на законот за абортус од страна на конзервативна Влада.

Три жени соблечени голи до половина скандираа во фоајето на Долниот дом на Кортесот скандирааа „абортусот е свет“.

Активистките го прекинаа говорот на министерот за правда Алберто Руиз Гајердон, а спикерот не беше во можност да ја продолжи седницата се додека обезбедувањето не ги изнесе жените надвор.

Извор: Нова ТВ