Активисти за евтино домување подигаат „град на шатори“ во Ванкувер

Само неколку дена откако судот наредиl контроверзниот „град на шатори“ во Викторија да биде затворен, група на анти-сиромаштија активисти почнаа да поставуваат помал град на шатори во предградето на Ванкувер.

Во саботата попладне, марш за протест на недостатокот на домови со пристапни цени завршил на плац со јавна градина. Истиот тој плац порано служел како камп за бездомници за време на Зимските олимписки игри во 2010 година во Вакнувер. Еден од протестантите извикал „Добредојдовте дома!“, додека околу 100 луѓе влегувале на плацот.

Карен Ворд, член на Мрежата на корисници на дрога од областа Ванкувер, за VICE изјавила дека планира да ја помине ноќта таму. Додала и дека моментално живее во социјален стан, но се приклучила во кампот поради ненормалната ситуација со домувањето во Ванкувер. „Имотот се користи како инвестиција, а не како решение за домување“, рекла таа. „Ситуацијата само се влошува“.

Само неколку кампери останале таму после протестот, меѓу кои и Ден Стат, кој вели дека поминале години додека чека да добие социјален стан.

„Останувам каде можам, но претежно спијам во паркови и на улица“, вели тој.