Активисти протестираа пред Нотр Дам поради огромната сума за обнова на катедралата

Десетици активисти протестираа денеска пред Нотр Дам како одговор на донаторите кои ветуваа речиси 1 милијарда фунти за да ја обноват познатата катедрала и нејзиниот уништен покрив.

По огромните суми собрани за зградата, како и емоционалните бдеења на улиците на Париз, активистите потсетија на најсиромашните во Франција.

Околу 50 луѓе од француската асоцијација за бездомници се собраа пред катедралата.

„Опожарената Нотр Дам = 1 милијарда евра за 24 часа. Бездомници = 0 евра.”

Тие извикуваа слогани насочени кон бизнисмените кои ветија милионски суми за реконструкција на објектот.

Некои извикуваа: „На Нотр Дам и треба покрив, исто и нам”.

Париската полиција го следеше мирниот протест, но не интервенираше.

Огромен пожар ја зафати катедралата Норт Дам во Париз минатата недела, уништувајќи го покривот и главната кула.

Катедралата од 12 век е дом на бесценети уметнички дела и е една од најпознатите туристички атракции во светот. Таа привлекува околу 13 милиони посетители годишно од целиот свет.