Активисти пред Собранието: Борбата за правда и слобода нема да запре!

Неколку илјади демонстранти пред Собранието ги слушнаа обраќањата на повеќе активисти:

„Сега им се обраќам на оние што не се замараат со политика додека ја прегледуваат страницата на Визер и бараат лет во еден правец. Нели ви е доста, нели чувствувате грев? Нели се сеќавате на Младенов, на Беличанец, Нешковски, Тамара, на студентите чиј грев беше тоа што учеа по 23 часот и за тоа беа тепани? Студентите кои живеат во студентски домови, а се апсени на 5 мај, на активистите кои се борат и за нашите и за вашите права? Ако и ова ви е малку, тогаш ќе седите ли настрана и кога Иванов помилува криминалци, кога тој ги прави политичарите поеднакви од нас? Нели ви е дојдено да кажете доста?, рече во своето обраќање Ивана Туфегџиќ.

Професорот од гимназијата „Орце Николов“, Душко Стојановски, рече

„Среќен сум што сум овде, бидејќи протестирам за моите деца и внуци, за моите пријатели, за моите колеги кои не смеат да го искажат својот став поради страв. Ние сите заедно да ги поттикнеме сите да се приклучат, за конечно да му кажеме НЕ на овој режим, на оваа диктатура – и да се избориме за подобар живот“.