Активисти побараа укинување на крвавата трка на бикови од Памплона

Активистите од организацијата „Луѓе за етички третман на животните“ (ПЕТА) и шпанската група „Животни натуралис“, со истурање „крв“ на телата протестираа денеска во Памплона, еден ден пред почетокот на трките со бикови што почнуваат утре, а ќе траат до 14 јули.

Повеќе од 100 активисти, кои се залагаат за правата на животните, побараа да се стави крај на бруталноста кон животните. Дел од активистите беа облечени во црно, а некои имаа маски со бикови направени од картон и транспаренти со напис „Стопирајте ја крвавата трка на бикови“.

Трката на бикови по улиците од калдрма во Памплона е главна атракција на фестивалот . Шест бикови учествуваат во утринските трки и потоа во текот на 20 часот се убивани во коридите, а телевизиите го пренесуваат настанот. Фестивалот е посетен од милион посетители.