Активистите за климатски промени одржаа протест против францускиот предлог закон за климатска итност, кој е критикуван бидејќи не го исполни интернационалниот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Вчера, активисти од „Гринпис“ упаднаа на аеродромската писта на аеродромот „Шар де Гол“ и обоија авион со зелена боја
Дел од активистите и се качија на авионот, држејќи банери со слогани како „Климатски закон: не се издигна во височините“.
Банерите реферирале на предлог законот за климатска итност кој треба да се дебатира во францускиот парламент за неколку дена. Преку предлог законот се вклучуваат мерки за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 40 отсто во рок од една деценија.
Со предлог законот се забрануваат кратките летови, рекламирањето на горивата, а истовремено законот цели да ги забрани возилата кои највеќе загадуваат до 2030 година.
Но, законот е критикуван од бројни причини, вклучувајќи го државниот орган за надгледување, од каде истакнале дека мерките сепак ќе имаат ограничено влијание за намалување на загадувањето.
Граѓанското здружение за климатска итност кое било поставено од страна на властите е критикувано бидејќи ја изгубило амбициозноста откако половина од нивните препораки биде прифатени.
Над 100 невладини организации, вклучувајќи ги „Гринпис“ и „ВВФ“ испратија отворено писмо до претседателот Емануел Макрон апелирајќи тој да вклучи поригирозни мерки во предлог законот. Невладините организации исто така забележуваат дека намалувањето на испуштањето на штетни гасови до 40 отсто е далеку помала бројка од првично договорената – 50 отсто.
Минатиот месец, суд во Париз пресуди дека Франција не ги презела сите можни мерки за да ги исполни целите за намалување на штетните гасови.
„Гринпис“ го одржа протестот како директен одговор на новиот предлог закон, а конкретно се фокусираше кон верувањата на францускиот министер за транспорт Жан Баптист Џебари, според кој технолошките иновации ќе бидат доволни за намалување на загадувањето кое доаѓа директно од авионскиот превоз.
Извор: Independent