Активисти на Гринпис истоварија камион со јаглен пред Елисејската палата

Полицијата приведе дванаесет активисти на „Гринпис“ кои изутринава истоварија камион полн со јаглен пред влезот на претседателската палата во Париз, неколку часа пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.Како што соопшти францускиот оддел на „Гринпис“ на својот веб сајт дека во камионот имало и нуклеарен отпад.

greenpeace

На фотографиите од акцијата пред Елисејската палата, се гледаат полицајци како стојат пред најмалку четири активистки во маици испишани на германски и француски јазик. Полицијата го блокираше патот и брзо го отстрани јагленот од улицата, објави АП.

Портпаролот на полицијата во францускиот главен град одби да даде коментар за настанот, ниту канцеларијата на претседателот Франсоа Оланд не даде изјава.

Активистите со ова сакаа да испратат порака до францускиот претседател Франсоа Оланд и Меркел “да ги напуштат енергиите кои се сметаат за опасни – јагленот и нуклеарната енергија  – и конечно да се посветат на вистинска енергска транзиција. Групата, соопштија од Гринпис, сака европските земји да се заложат за подигање на нивниот процент на користењето на обновлива енергија до 45 отсто до 2030 година.

Во моментов, Франција добива најмалку две третини од својата електрична енергија од нуклеарна енергија. Германија, пак, минатата година малку го зголеми својот удел на електрична енергија произведена од јаглен, за околу 45 проценти. Еколозите ја критикуваа зголемената употреба на јаглен, велејќи дека тоа е “валкан” извор, поради големата количина на јаглерод диоксид што се ослободува при негово горење.

Гринпис Франција неодамна спроведе повеќе активности, вклучувајќи и напади на француски сајтови за нуклеарна енергија, Последниот настан пред Елисејската палата го отвора и прашањето за безбедноста пред зградата, што често е обезбедувана од само неколку полицајци.