Активисти извојуваа на месарниците во Калифорнија да стои знакот за заштита на правата на животните

Пред месарниците во Калифорнија отсега ќе стои посебен знак на кој се вели: „Внимание, животите на животните е нивно право. Нивното убивање е насилство и неправедно, без оглед како е направено тоа”.

Постерот кој треба да ги обесхрабрува купувачите да купуваат месо, е резултат на едномесечниот спор помеѓу сопствениците на Локалната продавница за месо во Беркли и активистите за правата на животните, кои досега одржале повеќе од десетици протести пред семејниот бизнис.

Со поставувањето на знакот, напишан од активистичката група „Директна акција насекаде”, веганските демонстранти се согласија да ги прекинат своите неделни собири надвор од продавницата, што понекогаш вклучуваше и речиси голи демонстранти кои се капеа со лажна крв и се завиткуваа во пластика, заедно со снимки од свињи кои врескаат во кланица.

Знакот доби меѓународно внимание оваа недела откако активистите прогласија победа по четиримесечните протести и контрапротести меѓу либералите во северниот град на Калифорнија, широко познати по движењето за слободен говор од 1960-тите и анти-воените хипици. Анти-месните активисти тврдеа дека знакот е нова победа и сега ветуваат дека ќе ги нападнат другите независни трговци со слични тактики за кои се надеваат дека ќе се рашират низ САД.

Сопствениците на продавниците и нивните поддржувачи ова го нарекоа форма на уцени и малтретирање.

„Да се биде загрозен и принуден да ги почитуваш нивните верувања, ме прави тажна”, рече косопственичката Моника Рокино, додека таа седеше надвор од продавницата во средата попладне, додека клиентите во близина се „посветија“ на сендвичот на денот. „Нивната тактика е навистина екстремистичка … Ова е етичко изнудување”, смета таа.

Рочино и нејзиниот сопруг Ерон ја отворија продавницата во 2011 година.

Мет Џонсон, организатор на „Директна акција насекаде“, пак, вели дека тој и неговата група „ ги предизвикуваат местата што го прават овој ‘хуман“маркетинг. „Луѓето плаќаат многу повеќе за овие мртви животни … Тие имаат замисла дека овие животни се третирани добро. ”

Групата тврди дека не постои етички начин да се убијат животните за храна и се води кампања за да се направи Беркли првиот „град без насилство кон животните” – што значи забрана за продажба на месо.

Рочино, кој соработува со локалните фармери и нуди часови по сечење месо, им се обрати на активистите да најдат решение. Лидерите на акциите на крајот рекоа дека ќе ги прекинат протестите ако продавницата се согласи да стане „веганска месарница”, која не продава месо или ако ги откаже часовите.

Не сакајќи да го жртвуваат целиот свој бизнис, сопствениците подоцна се согласија на трета опција: знак кој ги осудува убиствата на животните.

Активистите направија две дополнителни отстапки: знакот може да биде помал од три сантиметри отколку што првично го предложиле, а продавницата може да ја стави во нешто помалку истакнат прозорец на продавницата. Но, тие рекоа дека го задржуваат правото на два протеста годишно, и дека договорот е „привремен”.

„Ние сакаме бизнисите и нашата култура да се соочат со вистината за насилството врз животните”, рече Пол Дарвин, активист кој беше дел од преговорите, додавајќи: „Ние сметаме дека животните се луѓе. Ние не чувствуваме дека само луѓе се луѓе, но, се разбира, тоа не е универзално прифатено.”

Нападот на продавницата Беркли и заканите за слични протести предизвикаа реакција низ државата.

„Не разбирам зошто активистите ги одбираат семејните продавници кои ги поддржуваат најхуманите фармери, наместо фабриките за животни и месарниците што се одговорни за бруталност на незамисливо поголемо ниво”, вели Мајкл Полан, познат американски писател за храна и професор на Универзитетот во Беркли. „Освен ако не верувате дека целосното укинување на јадењето месо е реална цел, напаѓајќи го овој сектор на животинската економија … ме погодува во погрешна насока”.

„Постои еден Мекдоналдс неколку блока подалеку“, додаде тој.

Дејвид Дјуи, претседател на Калифорниската асоцијација на производители на месо, ги обвини цртаните филмови за побудување кај децата верување дека животните имаат емоции и чувства. Тој додаде: „Ова е редот на работите, дури и во дивината. Рибите јадат други риби. Птиците јадат други птици … Тоа е начинот на кој светот кружи.”

Џонсон рече дека знакот имал за цел да го стигматизира јадењето месо на начинот на кој тоа се прави со пушењето.

„Нашата визија за светот е свет во кој секое животно има право да живее среќно, безбедно и слободно како луѓето во голема мера”, рече тој.

Прашан за правата на луѓето кои не се безбедни и слободни, како што се затворениците, Џонсон рече: „Тоа е форма на девијации. Тоа е начин да не се размислува за проблемот што е во прашање “.

За време на ручекот во Локалната месарница, клиентите се потсмеваа на знакот.

„Мислам дека секој што доаѓа тука веќе знае од каде доаѓа месото”, рече 28-годишната Ариел Леј, која за прв пат одлучила да ја посети продавницата откако прочитала за контроверзноста. „Тие нема да го гледаат знакот и ќе речат: „О, немав идеја! “”

Додека го јадеше нејзиниот сендвич со печено месо, таа додаде: „Во целост, ‘ние нема да запреме се додека Беркли не е вегански град’, е погрешен начин. Вие нема да ми кажете што да јадам. ”

Ричард Хили, 74-годишен непрофитен консултант, кој работи веднаш до продавницата и купува ручек оттаму два пати неделно, рече дека се сомнева оти луѓето ќе го прочитаат постерот и дека постојаните клиенти ќе продолжат да бидат привлекувани од месото.

„Јас дури и не знаев дека е таму додека некој не го посочи”, рече тој, додавајќи: „Овие луѓе прават одлични сендвичи“.