Активисти ги хакираа рекламите на Лондонското метро како протест против депортацијата на бегалци

Стотици реклами низ лондонските станици на подземната железница биле преземени од активисти, во знак на протест против масовната депортација на баратели на азил со приватни авиони.

Хакираните реклами привлекле внимание кон летовите, кои наводно ги депортираат бегалците кои не успеале да докажат дека им е потребен азил или сѐ уште не добиле одговор.

Џими Мубенга, еден од бегалците, починал откако бил присилно однесен во авион и врзан. Многумина немале пристап до нивните основни права, според активистите на Стоп за депортацијата.

Летовите чинат по 250 илјади фунти секој, а не се знае дали се легални.

Една ваква реклама пренесува порака од барател на азил кој наводно бил затворен во казнениот центар Yarl’s Wood, пред да биде депортиран во мај 2016.

„Yarl’s Wood е брод кој пренесува робови. Нема бела личност овде, сите сме Индијци, Кинези и Африканци. Тоа е расизам.

Јас бев во Англија 20 години, си ги плаќав даноците, плаќав државно осигурување. Грбот ме боли од кревање на постари луѓе, од работа со деца со посебни потреби. Работев со сето мое срце“.

Голем број на обвиненија за сериозно сексуално насилство се покренети против вработените во Yarl’s Wood, со досие кое забележува децении на малтретирање, а „затворениците“ се во центарот со месеци или години без никакво судење.

Друга реклама прикажува статистика, според која 50 жители на Обединетото Кралство ќе бидат депоритрани во Нигерија на крајот на јануари.

„Некои од нив биле тука поголемиот дел од нивниот живот, а некои ќе ги остават своите деца и партнери“, пишува.

Членот на Крај за депортациите Џорџ, за Independent вели дека состојбата се влошува:

„Релативно новата политика знаци дека луѓето може да бидат депортирани пред нивните судски случаи да бидат решени. Им се спречува да ги добијат споровите поради тешкотиите да се води легална битка од странство“, објаснува тој.

Активистката Роза вели дека секој кој сака да се вклучи во битката против нелегалните депортации, постојат начини да помогнат:

„Вклучете се во локалните заедници кои се борат со групите како Движењето за правда, Центарот за заедништво и слично.

Обидете се да спречите имигрантската рација да продолжи кога ќе забележите дека се случува, помогнете на некој да ја премине границата и да стигне во Европа, посетете некого во затвор: сите овие навидум мали дела може да направат промена“.

Портпаролот на Јавен транспорт Лондон, вели:

„Ова не е одобрена реклама. Ова е нелегално објавување, и поради тоа се смета за акт на вандализам кој го сфаќаме екстремно сериозно. Им дадовме инструкции на рекламните агенции кои имаат склучено договор со нас, да отстранат било која реклама која ќе ја најдат на нашата мрежа“.