„Активирај се!“, натпревар за најдобра младинска иницијатива

Во сабота (14 мај), во Кино Култура, осум тима на средношколци кои изминатите три 3 месециа реализираа граѓански иницијативи за позитивна промена во своите заедници ќе ги споделат своите успешни приказни со присутните во публиката и жири- комисијата како дел од  „Активирај се!“, натпреварот за најдобра младинска иницијатива.

Средношколците ќе ги раскажат своите приказни за граѓанските акции за да инспирираат другите млади дека иако патот до проманата не секогаш изгледа лесно и едноставно, со упорност, посветеност и јасна визија, активизмот секогаш придонесува кон општествени промени и подобрувања.

Сите присутни на настанот ќе имаат можност да гласаат за една од осум граѓански акции. Почетокот на натпреварот е најавен во 12:00 часот.

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог – ЦИД.

Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ.