Актерот Idris Elba ќе пушта музика пред концертот на Madonna во Берлин

Познатиот актер Idris Elba ќе го отвори вечерашниот концерт на Madonna во Берлин со свој диџејски сет, најавуваат организаторите.

Концертот е дел од светската турнеја на Madonna, насловена „Rebel Heart“, а ќе се одржи во „Mercedes Benz“ арената во најголемиот германски град. Ова нема да биде првпат како Elba ќе се појави на миксетата – тој неодамна откри дека работи на музички албум инспириран од неговиот лик во серијата Luther.

Elba исто така неодамна се појави на официјален ремикс на песната „Shutdown“ на Skepta. Актерот деновиве е актуелен, откако се појави во комбинација за ликот на James Bond во следниот филм од серијалот, откако Daniel Craig потврди дека ова ќе биде неговиот последен филм како познатиот таен агент.