Актерката од „Војна на ѕвездите“, Кери Фишер, во критична состојба по срцевиот удар

60-годишната актерка, сценаристка и писателка, Кери Фишер попозната по улогата на принцезата Леа во „Војна на ѕвездите“, синоќа имала тежок срцев удар за време на летот од Лондон до Лос Анџелес.

Срцевиот удар се случил 15 минути пред слетувањето во Лос Анџелес.

По слетувањето, актерката била пренесена во болница во Лос Анџелес и според првичните вести од американските медиуми, нејзината состојба е сериозна.

Фишер беше во Велика Британија да ја промовира нејзината најнова книга, „Princess Diarist“ која воедно е и нејзино осмо литературно дело во кариерата.

Колеги актери, јавни личности и граѓани постојано испраќаат пораки со поддршка на социјалните мрежи.