Актер ги тужи авторите на „The Simpsons“, бара 250 милиони долари

Можеби нема да ви биде познат ликот на Louie од „The Simpsons“ – тој се појавува во 15 од вкушно 566 епизоди на популарната анимирана серија, но би можел да ги чини косоздавачот на Simpsons, Matt Groening и продуцентите дури 250 милиони американски долари.

Актер ги тужи авторите на „The Simpsons“, бара 250 милиони долари

Актерот Frank Sivero, кој толкуваше улога во филмот на Martin Scorsese, „Goodfellas“ од 1990, покрена тужба против креаторите на Simpsons,тврдејќи дека ликот на Louie е базиран на неговата интерпретација на ликот на Frankie Carbone од „Goodfellas“. Филмот беше номиниран за шест „Оскари“ во 1990, меѓу кои и за најдобар филм и за најдобра режија.

Актер ги тужи авторите на „The Simpsons“, бара 250 милиони долари

Frank Sivero

Во „The Simpsons“, Louie, кој е член на „Мафијата од Спрингфилд“ првпат се појавува во серијата во 1991. Sivero во тужбата бара дел од профитот на серијата, која од почетокот на емитувањетово 1989  има заработено преку 12 милијарди долари од телевизиски права, филмови и видеоигри.

Според тужбата, се тврди дека сценаристите на „The Simpsons“ во 1989 живееле во истиот комплекс станови во Лос Анџелес како и Sivero. „Во ова време двајцата сценаристи знаеле кој е Sivero и се гледале со него речиси секој ден. Тие знаеле дека тој го развива ликот што се подготвува да го игра во „Goodfellas“. Всушност, тие биле свесни дека целиот лик на Frankie Carbone бил создаден и развиен од Sivero, кој го засновал ликот на неговата личност“, стои во тужбата.

Понатаму, Sivero тврди дека продукциската компанија која стои зад „The Simpsons“ му понудила да снимат филм заедно. „Му било ветено дека тој ќе биде дел од иднината поврзана со успехот на серијата и дека ќе снима филм, но тоа никогаш не се случило“, пишува во тужбата на Sivero.