Ако буквите од грчката азбука не се доволни, СЗО новите соеви на вирусот ќе ги нарекува по соѕвездијата

Имиња на соѕвездија може да се користат при откривањето на нови соеви на коронавирусот, доколку буквите од грчката азбука не се доволни, изјави техничката директорка на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове, пренесува „Независне“.

„Всушност, размислуваме за имињата на соѕвездијата“, рече таа, додавајќи дека се размислувало и за и имињата на грчките богови и божици, но тој предлог е одбиен.

Според неа, 24-те букви од грчката азбука можеби нема да бидат доволни ако се откријат нови соеви.

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во светот е над 203 милиони, додека над 4 милиони и 300 илјади луѓе починале.