Акција за собирање книги за затворската библиотека во Струмица

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контектс – Струмица“ организира акција за собирање книги кои ќе послужат за формирање или надополнување на затворската библиотека во Струмица со нови наслови.

Акцијата ќе биде отворена за сите оние кои сакаат да подарат книга во среда, 3 февруари 2016 година од 17:00 до 20:00 часот во кафе бар СЕЛЕКТ, а собраните книги во најбрз рок ќе бидат доставени во КПУ Струмица.

ЊКолку што разбравме, фондот на книги по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од 90-те наваму. Не подарувајте сѐ и сешто, само нешто соодветно. И ве молиме, на книгите што сте одбрале да ги подарите напишете сопствена посвета до непознатиот затвореник. Разбравме и друго, некои затвореници изјавиле дека единственото нешто што ги одржува во живот и им дава утеха и надеж е токму читањето“, велат од здружението.

Акцијата ја организираат во соработка со Младинскиот Совет, здружението „НОВУС“, ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ и Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – ICBOM, а со медиумската поддршка на локалните медиуми.

Слична акција за собирање книги за собирање книги за казнено поправните инстутуции во земјава.  изминатата недела беше организирана и во Скопје, на иницијатива на писателот Тихомир Јанчовски.