Акција за приготвување на ајвар кој ќе се донира на социјално загрозени граѓани

Во сабота од 10 часот во Горно Коњаре, Општина Петровец, ќе се приготвува традиционален ајвар, кој потоа ќе биде споделен со граѓани кои имаат потреба од храна. Организатор на настанот е иницијативата „Храна, а не оружје“.

Тие претходно собраа 60 килограми пиперки и ги повикуваат сите кои можат да се приклучат на акцијата, помагајќи при готвењето или со донирање на тегли и масло за готвење.

По приготвувањето ќе се одржи и кратка дискусија со еден од првите основачи на ова глобално движење („Food not bomb“), Кит МекХенри, а ќе има и забава со бенд.

Повеќе за иницијативата во видеото на Радио МОФ: