Акција за правење на елка од пластичен отпад

На крајот од секоја година на иницијатива на македонската твитер заедница се изработува елка од пластични шишиња во Скопје. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за важноста од селектирање на отпадот.

Годинава, седма по ред, #ЕлкаМК ќе се кити кај Форум на 23 декември (недела). Пластичниот материјал ќе се собира претходниот ден (22 декември) на следните пунктови: Лептокарија, Влае, Бисер, Беверли, Силбо или по предлог на граѓаните – од 11 до 14 часот.

Тие ги повикуваат сите кои сакаат да се вклучат да ги контактираат на Фејсбук или Твитер.

Атмосферата од изработката на првата елка (2011)