Акција за помош на бездомниците во Канада место роденденска забава

Загрижени за бездомниците на почетокот на студената зима во Канада, Tara Smith-Atkins, нејзината осумгодишна ќерка и седум нејзини другарки собрале зимски јакни и ги врзувале на бандери низ градот Хелифакс, за бездомниците да ги земат.

Децата ги „донирале“ јакните за време на осмиот роденден на нејзината ќерка.

„Дефинитивно ја научија важноста на подарувањето. Кога се вративме во автомобилот после еден час поминат на улица, сите се смрзнуваа и и молеа да пуштам грењње, жалејќи се дека им студи“, рекла Smith-Atkins за СВС.

Семејството собирало јакни од соседите и заедницата неколку недели.