Граѓанска акција против високата стапка на самоубиства во Литванија

Во Литванија стапката на самоубиства е три пати поголема од останатите Европски земји. Околу 1000 луѓе се самоубиваат секоја година, односно околу тројца на ден.

Сепак, властите не преземаат акција против овој растечки здравствен проблем во земјата. Затоа, група волонтери од трите најголеми градови во Литванија имаат толку многу работа, што успеваат да одговорат само на секој четврти или петти повик.


Затоа, активистот Arūnas Sakalauskas, кој во изминатите неколку години поради самоубиство изгубил 8 пријатели, организирал демонстрација преку која ќе покаже колку луѓе си го одзеле животот во оваа земја.

„Повикав луѓе преку Facebook со цел да се донираат средства за линија за превенција на самоубиства, наречена Jaunimo linija. Овие донации би им помогнале на волонтерите да одговараат на повеќе повици. Решив да направам нешто големо на плоштадот во главниот град Вилнус. Вкупно 1095 луѓе лежеа на плоштадот, а дојдоа и уште 500. И покрај тоа, верувам дека настанот ја постигна целта – медиумите пишуваат за проблемот и луѓето дискутираат за тоа онлајн“, вели тој.

Извор: Bored Panda