Акција на Студентски пленум за собирање средства за помош на мигрантите

Студентски пленум организира акција за собирање средства потребни на мигрантите кои поминуваат низ Македонија. Акцијата ќе се одржи денеска и утре во дворот на Архитектонски/Градежен факултет, од 10:00 до 18:00 часот.

Од Пленумот посочуваат дека најпотребни, во моментов, се лекови и медицински помагала (бетадин, аналгетици, електролити, магнезиум, C-витамин, талк, бивацин прашок), облека (машки и женски маици, обувки погодни за одење и капи за сонце), вода, сокови и храна.

Студентите ги повикуваат сите граѓани кои се во можност да се приклучат кон акцијата и да донираат средства со кои ќе помогнат некому.