Акција на размена на прочитани книги во недела

Во недела, (20 септември), од 11:00 до 13:00 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза, во центарот на Скопје ќе се одржи акција на акција на размена на прочитани книги.

„Размената на прочитани книги подразбира дека оние книги oд нашите домашни библиотеки кои сме ги прочитале еднаш и нема повторно да ги читаме, можеме да ги размениме со книги кои ќе ги донесат другите вљубеници на книги кои ке ја посетат акцијата.

За бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел“, стои во настанот.