Академски стипендии за граѓанско општество 2021

Отворен е повикот за академски стипендии за граѓанско општество 2021 на фондациите Отворено општество. Рокот за пријавување е 22-ти јули, 2020 година.

Академските стипендии за граѓанското општество (Civil Society Scholar Awards – CSSA) поддржуваат студенти на докторски студии и факултетски кадар да работат на академски проекти кои ќе го збогатат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони.

Поради несигурноста во светот предизвикана од КОВИД-19 вирусот, оваа година се охрабруваат апликации на кандидатите кои се студенти на докторски студии и факултетски кадар вработен со полно работно време да работат на истражувања кои имаат јасна врска со нивните примарни научни области, или да се фокусираат на работа која ќе овозможи завршување или објавување на дисертација или академски написи, книги, или други академски производи.

CSSA ќе даде приоритет на апликации за истражувања поврзани со одбрана од растење на авторитаризам; одржлив развој, климатско дејствување, и ублажување на ефектите од климатските промени; економска правда и работнички права; информатичка демократија; и влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз родната земја или регионот на кандидатите. CSSA поддржува апликации на стипендисти од областите на општествените и хуманистичките науки.

Стипендиите се отворени за следнава академска популација:

  • Студенти на докторски студии од областите на општествените и хуманистичките науки кои студираат на универзитети во или надвор од својата родна земја; или
  • Членови на факултетски кадар од областите на општествените и хуманистичките науки кои се вработени на полно работно време (мора да поседуваат најмалку диплома од магистерски студии), кои предаваат на универзитети во својата родна земја.

Академските истражувања ќе бидат поддржани во која било област во рамките на општествените и хуманистичките науки, но ќе биде даден приоритет на истражувања насочени кон сегашните општествени проблеми поврзани со следниве општи теми:

  • Одбрана од растење на авторитаризам;
  • Одржлив развој, климатско дејствување, и ублажување на ефектите од климатските промени;
  • Економска правда и работнички права;
  • Информатичка демократија;
  • Влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз родната земја или регионот на кандидатите

Датуми за реализација: 1-ви март 2021 година до 31-ви декември 2021 година.

Максимален износ на стипендијата: 15.000 американски долари.

Краен рок за пријавување: 22-ри јули 2020 година во 23:59 часот

Англиска верзија на водичот за повикот за Академските стипендии за граѓанско општество можете да ја преземете тука.  Македонската верзија на водичот за повикот на Академски стипендии за граѓанско општество можете да ја преземете тука.

За повеќе критериуми за подобност, ве молиме погледнете го документот Најчесто поставувани прашања кој може да го преземете тука.