Академската сцена на ФДУ се отвора со Шекспир

Во петок (10 октомври) ќе се отвори новата сезона на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

Академската сцена на ФДУ се отвора со Шекспир

Отворањето е закажано за 20:30 часот со претставата „Сон на летната ноќ“ – испитната вежба од катедрата на Театарска режија во класата на вон. проф. М-р Златко Славенски и асс. М-р Куштрим Бектеши, а во режија на Драгана Стојчевска. Во претставата играат играат Бојан Лазаров, Мирко Голомеов, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ и Никола Кузелов.

Секој петок, бесплатно ќе може да се проследат испитни претстави и филмови од студентите на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Целта на Академска сцена е да се поттикне развојот на студентското културно и уметничко творештво, преку негова сценска промоција и афирмација.

Извор