Академијата покани рекордни 744 нови членови за да го зголеми диверзитетот

Академијата за филмска уметност и наука во средата објави дека покани рекорден број на 744 нови чланови за нивното водечко тело. Со тоа, го надмина претходниот рекорд на 683 покани испратени во 2016 година.

Академијата е под притисок да создаде диверзитет во членството веќе неколку години, а јавниот притисок особено се зголеми во 2015 година, кога сите 20 номинирани за најдобра улога беа бели. Тоа го започна онлајн протестот #OScarsSoWhite, и колективен напор да се обезбеди членови во Академијата кои ќе бидат жени и лица од повеќе раси.

Во најавата со која ги открија поканетите годинава, претседателката на Академијата, Шерил Бун Ајзакс, напиша: „Горди сме да ја поканиме нашата нова класа во Академијата. Целата филмска заедница е тоа што ние за неа мислиме. На нас останува да се осигураме дека ќе се видат и слушнат нови лица и гласови, и да дадеме шанса на новата генерација, како што некој претходно направи за нас“.

Овогодинешната класа, која е 39% сочинета од жени, забележува скок од 359% од 2015 до 2017 година, во однос на бројот на жени поканети да станат дел од Академијата. Луѓето од малцински раси сочинуваат 30% од новите 744 членови. Меѓу нив се и Бери Џенкинс, чиј филм Moonlight го освои Оскарот за филм на годината, Џанел Моне, која глумеше во истиот филм и номинираниот Hidden Figures, како и Џордан Пил, чиј филм Get Out е еден од најголемите критички, но и комерцијални хитови за 2017 година.

Ајзакс ќе ја напушти функцијата на претседател на Академијата наредниот месец, откако исполни четири едногодишни мандати. Под нејзиното лидерство, Академијата се заколна дека ќе го отвори своето членство, кое во 2016 година беше 92% бело и 75% машко, за повеќе жени и луѓе од други раси и националности.

Во класата за 2017 се вклучени и Гал Гадот, Риз Ахмед, Џон Чо, Пријанка Чопра, Руперт Гринт, Доналд Гловер, Двејн Џонсон, Бети Вајт, Рами Малек, Ванда Сајкс, Рут Нега, Том Форд, Езра Еделман, Наоми Харис и многу други.