„Ајде заедно да ги славиме младите“ – второ издание на „Youth fest“

Саем со младински организации, базар, уметничка изложба и музика, се дел од активностите на младинскиот фестивал „Youth fest“, што ќе се одржи утре во Младинскиот Културен Центар со почеток 12 часот.

„Да се прославиме себе си, нашите приказни, нашите победи и предизвици, без оглед на тоа колку големи се истите, нашата солидарност, нашето заедништво, нашата уникатност. Прославете го тоа што сте млади. Да го кренеме гласот и да им кажеме на сите дека сме тука. Ќе имаме можност да ги истражиме приказните за инспиративните млади луѓе во ова општество на иновативен начин, да учиме од нив, да се инспирираме и да станеме посигурни“, се вели во најавата за претстојниот фестивал.

Темата на уметничката изложба е поттикнување на свеста за менталното здравје кај младите, што како што велат од организацијата е една од целите на фестивалот.