„Ајде“ пред Собрание: Ќе ја вратиме демократијата и слободата

Група активисти, членови на иницијативата „Ајде“ денеска напладне ја блокираа улицата пред Собрание со цел, како што велат, да ја вратат демократијата во рацете на граѓаните и социјалната правда, јавува Нова ТВ.

Седнати на столчиња пред споменикот на АСНОМ кај Собрание тие симболично им порачаа на пратениците и на власта дека граѓаните се извор на суверенитетот и дека демократијата не е можна без активни и сложни здружени луѓе.

„Ајде“ претставува неформална, но организирана група на слободумни поединци со различни идеи, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили во земјата.