„Ајде Македонија“ организира филмска вечер и дебата

Здружението „Ајде Македонија“ организира филмска вечер во своите простории оваа недела. Ќе се прикажува документарниот филм „Trashed“ (2012) на режисерката Кандида Брајди, со почеток во 19 часот.

Како што соопштуваат организаторите, по проекцијата следува дебата и веганска закуска.

Документарецот на Брајди дава преглед на ризиците кон ланецот на исхрана и животната средина преку загадување на воздухот, земјата и морињата од големите количества на отпад. Филмот открива изнанадувачки вистини за итните потенцијални опасности по нашето здравје, но и здравјето на живиот свет и планет.

Визуелно и емотивно филмот е и ужасен и убав: мешавина од интеракција на човечки интерес и политички повик за будење. Но, тоа се завршува со пораката за надеж : покажува како ризиците за нашиот опстанок лесно може да се спречат преку одржливи пристапи кои обезбедуваат многу повеќе работа од сегашната „индустрија за отпад”.