„Airbnb“ плаќа за да живеете три месеци во мало италијанско село

„Airbnb“ бара четири лица кои ќе живеат во селото Гротола, во италијанскиот регион Базиликата, во период од три месеци. Од нив се очекува да се вклопат со животот со локалното население и да помогнат за  ревитализација на селото.

Како и многу други места во Италија, Гротола останува без луѓе, бидејќи се преселуваат во градовите. Бидејќи многумина го напуштија селото, во моментов има само 300 жители, а околу 600 куќи се празни.

На избраните кандидати ќе бидат платени сите животни трошоци во селото, но ќе бидат одговорни за помагање на локалната непрофитна организација. За возврат, тие ќе добијат бесплатно сместување, околу 900 евра месечно за трошоци и можност да присуствуваат на курс за италијански јазик или курс за готвење. Крајниот рок за испраќање на пријавите е 17 февруари, а почетокот на престојот е закажан за време на летото.

„Нашиот сон е историскиот центар Гротола пак да биде населен. За 10 години, би сакале да видиме едно село полно со луѓе од различни култури, совршено интегрирано во локалната заедница“, вели Силвио Донадио, основач на организацијата зад проектот.

Она што може да се очекува, најдобро е опишано од локален пчелар.

„Луѓето кои доаѓаат од големите градови ќе најдат старо село опкружено со шуми и ливади. Ние ќе ги поттикнеме да го остават својот стар живот зад себе и да се поврзат со нашиот начин на живот“.

И каква е улогата на „Airbnb“ во сè?

„Ние сакаме да им помогнеме на овие заедници да се сочуваат за генерациите што доаѓаат”, рече ко-основачот на „Airbnb“, Џо Геби.

Градовите и селата во исчезнување во Италија се обидоа да избегнат целосно напуштање на многу начини. Некои нудат празни куќи што се продаваат за едно евро – во градовите на ридовите Сицилија – Ганди и Самбуки. Единствениот услов е купувачите да инвестираат во реновирање на имотот.

Други, меѓу кои и Риас и Аквафорза во Калабрија, ги прифатија мигрантите и бегалците. Има и напуштени села кои експериментирале со моделот познат како “отворен хотел” во кој целото место се претвора во сместувачки капацитет за туристите. Најпознат пример е Санто Стефано ди Сесанио, село на планината во регионот Абруцо, кое во овој тип на хотел го трансформираше шведско-италијанскиот бизнисмен Даниеле Килгрен.

Апликацијата на конкурсот е достапна на овој ЛИНК, ама не е достапна за лица од Македонија.