„Airbnb“ ги забрани забавите во објектите за сместување поради Ковид-19

Платформата за приватно сместување „Airbnb“ ги забрани куќните забави како дел од напорите да се ограничат собирите во време на пандемијата со коронавирусот, пишува „Би-Би-Си“.

Новите правила предвидуваат и лимит од 16 лица кои ќе можат да бидат сместени во сите простории кои се изнајмуваат, со неколку исклучоци за некои места.

Оттаму соопштуваат и дека ќе покренат правни дејствија доколку гостите или домаќините ги прекршат правилата.

„Воведувањето глобална забрана за забави и настани е од најдобар интерес за јавното здравје“, стои во нивното соопштение.

Исто така, оттаму соопштуваат дека 73% од сместувачите веќе ги забраниле забавите, но, некои од нив дозволувале мали забави како што се родендени и слично.

„Некои гости одлучија да го пренесат однесувањето од баровите и клубовите во домовите кои се нудат преку нашата платформа. Сметаме дека таквото однесување е исклучително неодговорно и нас не нè интересирa тој тип на работа. Секој кој е вклучен или ќе дозволи такво однесување на припаѓа на нашата платформа“, соопштуваат од „Airbnb“.