„Airbnb“ ги откажува сите резервации во Вашингтон во неделата кога се инаугирира новиот претседател на САД

Компанијата „Airbnb“ која се занима со изнајмување на сместувачки капацитети соопшти дека ќе ги откаже и блокира сите резервации за Вашингтон, за време на неделата на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден, закажана за 20 јануари, пренесува „Н1“.

Компанијата наведе дека ќе им бидат вратени парите на оние кои веќе имаат резервации и додаде дека ќе бидат обесштетени и сопствениците кои ги изнајмуваат своите простори.

Одлуката беше донесена една недела по нередите во Капитол Хил, каде приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп насилно упаднаа во зградата на Конгресот, додека таму се одржуваше седница за потврдување на резултатите од претседателските избори.

Стравувајќи од ново насилство за време на инаугурацијата на Бајден, локалните и федералните власти повикаа да се избегнуваат патувања и собири во Вашингтон.