АИЕСЕК нуди професионална пракса во странство преку програмата Global Talent

АИЕСЕК Македонија од денеска започнува со национална регрутација на студенти кои сакаат да заминат на професионална пракса во странство како дел од програмата Global Talent.

АИЕСЕК нуди професионална пракса во странство преку програмата Global Talent

Оваа програма на АИЕСЕК нуди можност за професионална пракса на студенти кои се при крај со своите додпипломски студии, како и на студентите на постдипломски студии. Програмата овозможува работно искуство во некоја од водечките компании од област на студиите  во 124 земји во светот.

Професионалните пракси траат од 2 до 18 месеци, а праксата ќе биде платена. Пријавувањето се одвива преку пополнување на апликацијата за пракса на следниот ЛИНК.

За повеќе информации од АИЕСЕК посочуваат заинтересираните да се обратат во канцелариите во Скопје, Прилеп,Тетово и Штип или пак на официјалните Фејсбук страни на организацијата.