Аи Веивеи донесе пијано на грчко-македонската граница за бегалка да може да свири

Кинескиот уметник Аи Веивеи вчера донесе големо бело пијано во калливиот, потопен од дожд камп за бегалци на нашата јужна граница, за млада сириска бегалка да може да свири прв пат после три години.

Свирејќи на дождот под најлон, 24-годишната Нур Алкзам, која се надева дека ќе му се придружи на својот сопруг во Германија, свирела 20 минути во кампот Идомени, каде моментално 12000 бегалци се заглавени во лоши услови.

„Ова е наш обид да создадеме можност за оваа дама“, изјави Аи на крајот на непланираната изведба. „Таа е жртва на оваа војна. Немала шанса да допре пијано веќе три години. Таа и нејзиниот сопруг се разделени веќе една и пол години“.

Додава дека нејзината изведба била многу емотивна, и дека му покажува на светот дека уметноста може да ја надмине војната.

Овој проект е последниот од низата обиди на Аи да го сврти вниманието кон луѓето заглавени во најголемата мигрантска криза во Европа од Втората светска војна до денес.

„Сакаме да откриеме нова слика за нив, да пренесеме можност, уметност и имагинација. Ова е сликата која треба да му биде пренесена на светот“, вели тој.

Извор: Yahoo News/AFP